Трамп за намерите на неговиот советник: Ако се прашува тој, Америка би водела војна со сите!

Точка

24/06/2019

14:05

1.816

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп откри дека неговиот советник за национална одбрана, Џон Болтон без проблем би ја втурнал земјата во повеќе меѓународни конфликти.

Последниот „совет“ на Болтон бил жесток напад на САД, меѓутоа конечниот збор за тоа дали американската армија ќе го нападне Иран сепак го има претседателот на државата, Доналд Трамп.

На прашањето на новинарот Чак Тод, дали советниците го убедуваат да влезе во војна со Иран, Трамп изјавид дека околу него има две групи на луѓе – „гулаби и јастреби“.


„Џон Болтон дефинитивно е јастреб. Да одлучува тој, тој би го превзел целиот свет во еден момент, океј?“, изјави Трамп.

Американскиот претседател потоа негираше дека треба да постои некаква загриженост поради влијанието на Болтон кој што служеше во Белата куќа и во времето кога претседатели на САД беа Роналд Реган и Џорџ Буш.

„Тоа не е важно затоа што ја сакам да имам две страни“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.


Трамп потоа се осврна на тоа дека тој е „чувар на мирот“, говорејќи за тоа колку ја критикувал американската инвазија на Ирак во 2003-та година. Трамп нагласи дека тој ја донел одлуката да не се врши никаков напад откако Иран собори американско беспилотно летало.

Инаку, американските медиуми пренесуваат дека токму Болтон е главниот заговарач на војна со Иран – откако беше назначен за советник за национална безбедност во Белата куќа, Болтон заговара промена на режимот во Венецуела и Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг