Витаминска вода која се прави веднаш и е најдобар пијалок во текот на топлите летни денови

Кармин

24/06/2019

13:00

3.639

Големина на фонт

а а а

Оладете се и нахранете го вашето тело со витамини истовремено. Витаминската вода е најдобриот можен напиток кој може да го внесете во вашето тело на овие високи летни температури. Таа ќе ве освежи и ќе ви го регенерира телото и ќе може да функционирате нормално.

Освен високите температури, топлиот бран со себе носи зголемено чувство на жед и потреба за освежување.

За себе да си ги олеснете последиците од високите температури посегнете по вкусната витаминска вода која се прави веднаш.


Состојки

- 2 шолји боровинки;
- 2 излупени и исецкани портокали; 
- 1 шолја јагоди; 
- 1 излупен лимон исецкан на парчиња;  
- 1 голема краставица исечена на парчиња; 
- неколку ливчиња босилок;  
- три литри вода.  


Подготовка

Измијте ги боровниците, излупете ги портокалите, лимонот, краставицата и сè останато ставете во бокал со три литри вода. Ставете ја течноста во фрижидер два часа и потоа уживајте во освежителниот напиток.

Цитрусите ќе ги елиминираат токсините од телото, боровницата служи како извор на антиоксиданси, босилокот ќе го стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата на вашето тело и лице ќе им даде освежителни минерали.

Витаминските води се извор на течности во текот на топлите денови. Доколку оваа комбинација не ви се допаѓа, состојките со кои ќе ја збогатите водата може да си ги комбинирате по свој вкус. Босилокот може да го замените со нане, лимета, а боровниците со малини или капинки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk