Скандал пред ревијата на Диор: Обезбедувањето го нападна момчето на Кејт Мос мислејќи дека е нејзин “полуден фан“

Точка

24/06/2019

12:17

5.649

Големина на фонт

а а а

Обезбедувањето направило необична грешка бидејќи не го препознале момчето со кое Кејт Мос се забавува од 2015-та година.

Момчето на Кејт Мос “настрадало“ пред почетокот на ревијата на Диор во Париз, бидејќи некој од обезбедувањето кое ја следело славната манекенка не го препознало па го нападнале зборувајќи му дека е “полуден фан“.


Обезбедувањето го оттргнал Николај Леополд Арчибалд (32) од Кејт Мос и од нејзините ќерки, но и тој исто така бурно реагирал.

Николај му вратил на човекот кој го оттргнал од Кејт, а видео снимката станала повеќе од вирална. Причината за тоа е и реакцијата на Мос која не се возбудила поради овој настан предизвикан поради неа, што јавно се гледа на видеото кое неколку луѓе го објавија на Твитер.

Николај е британско-германски фотограф, а со Кејт во моследните неколку години преживеа тешки моменти.

Николај ѝ беше поддршка кога во октомври 2017-та година славната манекенка беше на лечење од алкохол во „The Cabin in Chiang Mai“ установа во која се лечат зависници од дрога и алкохол.

Кејт за еден месец, за своето лечење во таа институција во Тајланд потрошила 10.000 фунти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг