Крос се отвори и призна: По само десет минути зажалив што потпишав за нив…

Дерби

24/06/2019

11:50

2.155

Големина на фонт

а а а

Актуелниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос се смета за еден од најдобрите фудбалери кои играат на средината на теренот.

Фудбалерот го краси прекрасна визија, добар пас и одличен шут, а токму поради тоа беше побаран од страна на Реал Мадрид клуб во кој игра во последниве пет години.

Германецот во Мадрид се пресели од Баерн Минхен клуб во кој играше уште од 2006 година, со исклучок на сезоната 2009/10 кога играше во Леверкузен како позајмен фудбалер.

– Често ми беше кажувано колку сум добар и како правам се како што треба. Сепак, се уште не играв. Бев убеден дека заслужувам повеќе. Прво не сакав да се вратам од Леверкузен. Кога потпишав продолжување на соработката со Баерн Минхен, по само десет минути зажалив за таквото нешто. Кога го потпишав договорот Румениге ми рече дека имам одличен договор, а тоа веројатно му значеше дека треба да играм малку подобро, - истакна Тони Крос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг