Плус сајз манекенката плачела поради реакциите на нејзините фотографии во бикини кои сега станаа вирални

Кармин

24/06/2019

12:00

6.745

Големина на фонт

а а а

Ја изненадила реакцијата на луѓето на нејзините фотографии кои ги направила во бикини. Ирена Дрези, плус сајз манекенката, за компанијата „Pretty little thing“ направила серија фотографии за кои се тврди дека не се обработени во фотошоп.

Плус сајз моделот по појавувањето на нејзините фотографии во бикини била преплавена со пораки. Тоа што најмногу ја изненадило била големата поддршка која ја добила од жените поради она со што се занимава.

Отсекогаш мислела дека дамите не сакаат да видат како таа изгледа без фотошоп, но се излажала.

Ирската убавица окарактеризирана е како модел за другите личности кои не се чувствуваат добро во своја кожа, слободно да го истакнуваат своето тело без да се срамат.

Ирена зрачи со самодоверба, а тоа го почувствувале сите.

Таа се борела четири години со пореметувањата и исхраната.

Нејзе ѝ било многу тешко да излезе од дома, а кога морала, тогаш се облекувала во широка облека.

Работела како продавачка и келнерка, а тоа само ѝ ја убивало вербата во себе.

Сепак се случило чудо. „Prеtty little thing“ ја ангажирале како манекенка и почнала да ја промовира облеката за покрупните дами.

Нејзината популарност растела со брзина на светлината, а нејзините фотографии во бикини веќе станале вирални.

Објавата само во последните пет дена имала повеќе од 109.000 илјади луѓе.

„Не е нејзиното тело она што е најубаво на фотографиите туку тоа е нејзината самодоверба“ - еден од коментарите.

„Мило ми е кога гледам дека ангажирате плус сајз модели“ - друг коментар.

„Сакам кога гледам фотографии без филтри“ - трет коментар.

Сето ова ја расплакало Ирена.

„Навистина ми изгледа дека им помагам на луѓето затоа што ми пишуваат девојки кои се плашат да го покажат своето тело“ - изјавила Ирена низ солзи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk