Мареј може да се врати и во сингл во август

Макфакс

24/06/2019

11:19

803

Големина на фонт

а а а

Енди Мареј сериозно размислува за враќање на натпреварувањата во сингл во август, само седум месеци по операцијата на колкот, од која стравуваше дека може да значи крај на неговата кариера.

По спектакуларната победа во двојки заедно со Фелисијано Лопез на Квинс клаб во неделата, Мареј најави дека би можел да игра сингл на Мастерсот во Синсинати, пред да се врати на грен слем турнирите на САД опен на крајот на месецот.

„Ако продолжам со прогресот, би сакал да се обидам да играм во сингл. Има неколку опции по Вимблдон. Можеби ќе продолжам со двојки, но ќе се вратам на тренинзи во сингл во периодот на САД опен, или можеби ќе паузирам подолго по Вимблдон и ќе се обидам да играм пред Флешинг Медоуз“, изјави Мареј по победата.

Овој пресврт во кариерата на поранешниот светски број 1 доаѓа откако во јануари на Австралија опен тој во солзи најави дека проблемите со колкот најверојатно значат крај на кариерата во која освои три гренд слема.

„Само што освоив титула во двојки со Фели со метален колк! Навистина лудо. Кул е што успеавме да го направиме бидејќи пред неколку месеци ова беше толку далечна мисла“, додава Мареј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг