Сите се плашат од ајкулите, но една целосно невидлива работа во морето всушност може да ве убие

Точка

24/06/2019

10:40

5.587

Големина на фонт

а а а

Површинската температура на водите секоја година е во пораст. Баш поради оваа причина вибрио бактериите можат да бидат насекаде околу нас доколку температурата продолжи да расте.

Дури пет луѓе од Њу Џерси се заразиле со оваа бактерија од плодовите на морете или речните води кои некогаш беа премногу ладни за разој на микроорганизми.

Како што глобалната температура расте, водите би можеле да станат погоден простор за вибрио бактериите, но и некои други кои можат да бидат многу опасни за здравјето на човекот.


Од Универзитетот во Флорида предупредуваат дека многу плажи ќе бидат несигурни за капење за луѓето со послаб имунитет и отворени рани.

Вибрио бактериите живеат во солена вода и се предизвикувачи на многу труења од храна. Се поврзуваат со воспаление на дигестивниот систем, можат да инфицираат отворени рани, а сето тоа може да доведе до појава на сепса.


Овие бактерии можат да живеат во различни морски организми како што се краби и шкампи па така многу лесно доспеваат во човековиот организам. До труење може да дојде доколку оваа храна термички не е добро обработена.

Во периодот од 2008-та до 2016-та година забележан е само еден случај на инфекција од оваа бактерија, но помеѓу 2017-та и 2018-та година, забележани се 5 случаеви од кои едниот завршил со смрт, а другиот со ампутација на нога.


Бидејќи климата постојано се менува, експертите предупредуваат дека порастот на овие инфекции ќе влијае на нашата иднина и затоа повикуваат на голема внимателност од страна на луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг