На Хималаите пронајдени седум тела на исчезнати планинари

Точка

24/06/2019

09:24

1.843

Големина на фонт

а а а

Тела на седум планинари кои исчезнале минатиот месец биле пронајдени на Хималаите, објавиле тамошните власти. BBC јавува дека спасувачите трагаат и по телото на осмиот планинар.

Станува збор за група планинари во која имало четворица Британци, двајца Американци, еден Австралиец и еден Индиец. Тие се обиделе да се искачат на највисокиот врв на Хималаите. 

Исчезнале меѓу два глечера на висина од 5.380 метри надморска висина во близина на Нанда Девија.

Се смета дека планината во моментот на искачување ја погодила лавина.

Контактот со нив бил изгубен на 26-ти мај, ден пред лавината. Групата ја предводел искусниот планинар Мартин Моран.

Неговото и телата на преостанатите планинари ги забележала индиската спасувачка операција овој месец, но обидите да се дојде до нив пропаднале откако хеликоптерите неколку пати не успеале да ги спуштат спасувачите на планината.

Се верува дека на спасувачите им се потребни околу 3 дена да ги вратат телата во базниот камп.

Тимот кој отишол по телата на планинарите се состои од 50 планинари.

"Ова е најтешка мисија на индиските спасувачки тимови за да ги врати телата на планинарите од повисоките делови на Хималаите", рекол еден индиски службеник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг