Роберт де Ниро, Стивен Кинг и Мартин Шин жестоко удриле по Трамп: Во новата снимка ја критикуваат и Русија

Точка

24/06/2019

08:47

1.947

Големина на фонт

а а а

На снимката се појавуваат и актерите Лоренс Фишбурн и Софија Буш.

Актерот Роберт де Ниро, заедно со уште неколку уметници од Холивуд се појавил на видео-снимка во која ја критикуваат Русија и нејзиното наводно мешање во американските претседателски избори. 

На снимката се појавуваат и писателот Стивен Кинг, актерите Мартин Шин, Лоренс Фишбурн, Софија Буш...

Де Ниро навел дека Русија ја извела интервенцијата во 2016-та година и го критикувал претседателот Доналд Трамп.

"Руската влада во 2016-та година ја нападна нашата демократија", навел Де Ниро, а потоа се појавуваат и другите.

Како што навел Мартин Шин, Русија неселективно и систематски се вмешала во претседателските избори.

Актери, писатели и музичари на видео-снимката зборуваат за "тајната операција на Кремљ" и заговорот на Доналд Трамп со руските власти. Како аргумент за своите обвиненија, Де Ниро ја цитира и самата истрага за руското мешање во изборите која ја спровел Роберт Мулер.

На крајот од снимката бараат Трамп да преземе одговорност за "тајното другарување со Русија".

"Тој станува полош. Се покажа дека е расист. Мислев дека поради тоа што е од Њујорк, ќе знае да ги разбере различностите кои постојат во овој град, но тој е лош како што мислев и претходно, дури и полош. Срамота", рекол Роберт де Ниро.

Инаку, овој актер е жесток критичар на Трамп, но и ја фаворизира Демократската партија. Во 1998 се противел на импичментот на Бил Клинтон, а како претседателски кандатити ги поддржал Ал Гор во 2000-та, Џон Кери во 2004-та и Барак Обама во 2008-ма година.

Де Ниро дури и пред неколку години го нарекол Трамп идиот и свиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг