Алис Купер проговори за “пактот на смртта“ кој го има склучено со својата сопруга

Точка

24/06/2019

08:43

4.538

Големина на фонт

а а а

„Не би можел да живеам без неа. Секогаш меѓусебно зборуваме дека никогаш нема да дојде време кога еден од нас ќе жали по другиот“ - изјавил рокерот.

Популарниот рок музичар Алис Купер откри дека со својата сопруга Шерли Годард има склчено “пакт на смртта“, според кој кога ќе дојде време да го напуштат овој свет тоа ќе го направат заедно.


Шокантниот план се однесува на смртта на било кој од нив двајца, а музичарот изјавил дека причината за тоа е тоа што не можат да живеат еден без друг.

Тие двајца во брак се 43 години, а се заљубиле кога Шерли почнала да игра на неговите настапи во 1975-та година. Алис секогаш истакнувал дека Шерли е неговата најдобра пријателка.

„Да се ожените со жената во која сте заљубени. Тоа е важна работа. Немојте да се ожените со девојка која само ја сакате. Ние никогаш не се караме и никогаш не сме се изневериле меѓусебно. Сè уште сме совршен пар“ - изјавил музичарот.


Парот се венчал во 1976-та година и имаат три деца, две ќерки и еден син.

Во оваа прилика Алис открил дека во 1970-та година престанал да консумира кокаин кога сфатил дека поголем дел од неговите пријатели не преживеале поради користење дрога.

„Живеев во периодот на кокаинот. Не познавав ниту една личност која не го консумира. Преживеав, но многу од моите пријатели не преживеаа“ - изјавил пејачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk