„Хамес е добредојден, Сари сега е противник“

Точка

24/06/2019

11:06

1.330

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Наполи, Алан, проговори за потенцијалното големо засилување на Наполитанците, како и враќањето на Сари во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е пред реализација на трансферот на Хамес Родригез, а овие денови исто така на Апенините е актуелна веста за враќањето на Маурицио Сари во Серија А, но овој пат како тренер на лутиот ривал на Наполи, Јувентус.

„Хамес е многу добар фудбалер и ако пристигне во Наполи ќе бидам многу среќен“, изјави Алан и додаде:

„Немам како да реагирам на веста дека Сари се приклучи на Јувентус, тоа беше негов избор и мораме да го почитуваме. Ние сме Наполи, тој сега ќе биде наш противник и ќе се потрудиме да го победиме“, изјави Алан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг