Хенес за Сане: Ако сака да дојде...

Точка

24/06/2019

09:08

1.247

Големина на фонт

а а а

Лирој Сане веќе подолго време се поврзува со трансфер во минхенски Баерн, а сега за неговиот евентуален трансфер на „Алијанц“ арена проговори Ули Хенес.

Германскиот репрезентативец има одлична сезона зад себе во дресот на Манчестер Сити, а неодамна се појавија информации дека токму Сане би можел да биде најголемото летно засилување на Баварците кои се во потрага по замена за Робен и Рибери.

„Ако сака да дојде, ќе се обидеме да го завршиме трансферот“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес.

Сепак, дури и Сане да се согласи на трансфер во Минхен, голем проблем претставува висината на обесштетувањето за 23-годишниот крилен напаѓач, па јасно е дека пред Баерн и Сити се долги преговори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг