Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Марк Еспер за нов министер за одбрана на САД, соопштија од Белата куќа.
Именувањето на Еспер кој го менува вршителот на должноста министер за одбрана Патрик Шанахан кој неодамна беше разрешен, сега треба да го одобри американскиот Сенат. Инаку, САД немаат министер за одбрана од јануари кога Џејмс Матис поднесе оставка поради политичките разлики со Трамп.
Процедурата за потврдување на именувањето на кандидат на некоја нова висока функција во владата е долга и сложена во Соединетите Американски Држави. Федералното истражно биро (ФБИ) е задолжено да води истрага за сите кандидати, а потоа резултатите ги доставува до Сенатот.
#BREAKING: Trump says he intends to nominate Mark Esper to lead Pentagon https://t.co/emqIe1kMlW pic.twitter.com/y3WWdnnhY3
— The Hill (@thehill) June 22, 2019
Претседателот на САД, уште во мај соопшти дека ќе го кандидира Шенахан за таа функција, но целиот процес во Сенатот беше одложуван без никакво објаснување. На крајот, Шенахан во текот на оваа седмица се откажа од именувањето.
55-годишниот Еспер кој ќе застане на чело на Пентагон е поранешно воено лице, тој веќе се борел на Блискиот исток, односно за време на Заливската војна во 1991-ва година.
Еспер кој наскоро ќе биде прв човек на најмоќната армија на светот работел и во одбранбената индустрија, а исто така работел и во Министерството за одбрана каде што бил задолжен за копнената војска.