Родителите на исламистичкиот крвник се извлекле: Не верувале дека Џихади Џек станал исламист, го финансирале и покрај предупредувањата

Точка

22/06/2019

13:07

2.989

Големина на фонт

а а а

Џон Летс и Сали Лејн, родители на Џек Летс, крвникот од Исламската држава, кој станал познат како Џихади Џек, не верувале дека нивниот син станал џихадист.

Иако неколку пати биле предупредувани дека отишол во Сирија да се приклучи кон ИСИС, му праќале пари. И покрај предупредувањата од полицијата, тие на синот му пратиле 1.700 фунти. 

Тие ги затвориле очите над фактот во што се претворил нивниот син уште во 2015-та, кога му пратиле 223 фунти. На судењето тврделе дека нивниот син пати од опсесивно-компулсивно пореметување и дека е заробен во Рака.

Поротата во 2015-та година одлучила дека се виновни за финансирање на тероризам, но на судењето во декември истата година биле ослободени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг