Архивата на ФБИ е меѓу најчуваните на светот. Во неа се чуваат вредни документи со ознака "тајно".
Во нивната база, во денешно време и на интернет, може да се најдат информации за разни луѓе, ѕвезди, политичари или било кој поединец вреден за внимание.
Таквите документи стануваат јавни најчесто по смртта на лицето за кое што станува збор или откако ќе минат одреден број на години.
Меѓутоа, меѓу поинтересните "личности" се наоѓа и митското суштество Бигфут, односно, Големото стапало.
Ако бил реален, многумина сметаат дека е мртов. Станува збор за големо мајмунолико суштество кое наводно лута во дивините на САД и Канада, посебно околу Големите езера, Карпестите планини и на северозападот и југот на САД.
Со децении луѓето се колнат дека го гледаат како лута низ шумите, а овој получовек има толку фанови ширум светот кои дури ја вклучиле и владата во потрага по него.
Во официјалните списи во главно има документи и коресподенции меѓу Информативниот центар Бигфут и одделението за научи и технички услуги на ФБИ од 1976-та до 1977-ма година.
Bigfoot: https://t.co/Dk93p4zbJO
— FBI Records Vault (@FBIRecordsVault) June 5, 2019
Во еден од тие документи директорот на BIC, Питер Бирн бара ФБИ да ги информира дали ги анализирале влакната за кои постои сомнение дека можеби му припаѓаат на Бигфут. Нагласуваат и дека нивното истражување е сериозно како и дека анализирањето на тој материјал нема да ги поврзе ФБИ со нив или да ја потврди можноста за постоење на тоа суштество.
"Не често наоѓаме влакна кои можеме да ги идентификуваме, околу 15 парчиња кои се прикачени на мали парчиња кожа. Ова се првите за кои мислевме дека се важни и до кои дојдовме во овие шест години", напишал Бирн во 1976-та.
По неколку медиумски натписи, сепак ФБИ прифатиле да ги анализираат влакната.
FBI tested Bigfoot hair in 1970s, government documents show https://t.co/xMwW1vnnOt
— MetaphysicalDiary (@MetaphysDiary) June 13, 2019
По неколку месеци, ФБИ ги доставил резултатите до Бирн. Се покажало дека Бигфут не постои.
"Заклучокот од анализата покажува дека овие влакна потекнуваат од елен", напишал ФБИ и така ги урнал соништата на сите кои ја поддржуваат легендата за мистериозното суштество.
Тоа сепак не значи дека случајот е затворен. Можеби тоа е трик на ФБИ, за да ги однесат сите на погрешен траг, велат упорните теоретичари на заговори.