Страшна сообраќајка кај скопска обиколница, едно лице го загуби животот

Точка

21/06/2019

19:58

7.792

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа која се случила кај обиколницата на патниот правец од Тетово кон Скопје, едно лице загинало, додека четири лица биле повредени.

Според тоа што го пишуваат домашните портали, до несреќата дошло кога возилото марка "BMW" било стопирано од полицаец.  

Во обид да сопре нагло, во возилото удрил шлепер, кој бил позади автомобилот.

Едно лице го загубило животот, додека четири лица биле повредени. Дополнителни информации ќе се добијат по увидот.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство.

Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг