Се сеќавате ли на жената која живее сама во Сибир веќе 75 години: Не знаела дека се случила Втората светска војна, сега ѝ се заканува голема опасност, но одбива да замине

Точка

21/06/2019

19:45

7.355

Големина на фонт

а а а

Агафја Ликова сигурно е една од најнеобичните жени на светот.

Нејзиното шестчлено семејство во сибирската тајга живеело 40 години сосема изолирано од другите луѓе, па не биле свесни ни дека се случила Втората светска војна. 

Во 1978-ма година ги пронашле група геолози, а единствен и последен жив член била Агафја.

Таа и натаму живее целосно изолирано, а најблискиот град и е оддалечен на околу 100 километри. Ликова е родена во 1945-та, а нејзините родители припаѓале на православна секта од староверци, кои се одвоиле од руската православна црква во 17-тиот век.

Побегнале во шума во 1936-та година бегајќи од прогон. Во текот на целиот свој живот, Агафја живеела како селаните во 18-тиот век.

Меѓутоа, денес, иако живее повлечено, многу е позната во медиумите, а неодамна го прославила и 75-тиот роденден.

Освен тоа, ја посетиле и службеници од националниот резерват Хакаси и Роскосмос, руската вселенска агенција. Како што се наведува, ја предупредиле на лансирањата кои ќе се извршат во Бајконур, космодромот во Казахстан.

Гелери и делови од ракети би можеле да паднат многу блиску до нејзиниот дом, па и било препорачано да се евакуира додека трае опасноста.

"Ракети паѓале и претходно, што е сега поразлично?", ги прашала таа.

Одбила да го напушти својот дом, нешто што го направила само еднаш, кога морала да оди во болница поради болки во зглобовите пред 3 години.

"Веројатно не постои ништо што ќе ја натера да го напушти својот дом. Па дури ни вселенската програма", пренеле руските медиуми.

Агафја вели дека има доволно храна, и дека, освен болките во нозете, има добро здравје.

Работниците во националниот парк редовно ја посетуваат и ја прашуваат дали и е нешто потребно, а не е реткост да добие подароци од целиот свет, бидејќи има многу заинтересирани за нејзината приказна.

Кога пред 3 години ја посетила "цивилизацијата", бидејќи морала да оди во болница, не била импресионирана од модерниот начин на живот.

"Има многу автомобили, зошто толку многу? Од нив излегува толку многу чад, не може да се диши", рекла тогаш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг