Викторија Бекам го изненадила сопругот со забранет подарок

Доктори.мк

21/06/2019

19:31

3.994

Големина на фонт

а а а

Во својата долга и богата кариера, Дејвид Бекам морал да претрпи многу измами, шеги и озборувања на своја сметка, но она што до денес не успеал да го прифати е прекарот Дејв.

Знаејќи дека не го поднесува, сопругата Викторија не само што му купила дрес на кој пишува Дејв, туку го натерала да се фотографира со него и да му се пофали на светот.

Освен забранетиот прекар, дресот има уште еден “недостаток“ - наместо Манчестер Јунајтед, во кој Дејвид играше 15 години, му припаѓа на конкурентниот клуб на истиот град - Манчестер Сити.


„Одличен дредс, Дејв од Манчестер Сити“, напишала Викторија на својот Инстаграм профил со фотографија на која видно невоодушевениот Дејвид позира со својот нов подарок.

Во овој посебен подарок, биле вклучени и нејзиниот 16-годишен син Ромео и водителот Џејмс Корден.

Ситните „местенки“ не ѝ се непознати ниту на Викторија - иако нам тоа би нѝ изгледало како вистински подарок, на Дејвид за 44-от роденден на шега му подарила два дезодоранси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг