Макрон потврди: Нема да се одржи најавената средба меѓу Белград и Приштина во Париз

Макфакс

21/06/2019

19:14

1.009

Големина на фонт

а а а

Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврдиле дека претходно планираната средба во Париз, на која требаше да се разговара за продолжување на дијалогот Белград-Приштина, нема да се одржи, пренесува „Танјуг“.

Состанокот во Париз, кој беше најавен за време на средбата во Берлин кон крајот на април, а на кој беше планирано највисоките претставници на Србија и Косово да разговараат во присуство на Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, требаше да се одржи на 1 јули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг