СДСМ: Ефикасно го решаваме хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го остави во здравството

Макфакс

21/06/2019

18:53

1.108

Големина на фонт

а а а

Со расипничко и криминално трошење на парите, ВМРО-ДПМНЕ клиниките ги остави во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат, со неупотреблива опрема, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ кој запраша дали „метлата“ на премиерот Заев ќе игра и за министерот за здравство Венко Филипче.

Од СДСМ истакнуваат дека актуелната Влада гради современ, одржлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој, како што велат, нуди навремена и подобра здравствена услуга.

„Нема веќе криминални набавки. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски. Над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто, со престојното покачување во септември уште дополнителни 5 отсто или вкупното покачување ќе биде 10 отсто“, нагласуваат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите за работа на медицинскиот персонал и докторите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг