"Дебела, омажи се за бел човек!" Плус-сајз манекенката добила ужасна порака, па ја објавила

Точка

21/06/2019

18:48

9.511

Големина на фонт

а а а

"Најди момче и омажи се добар бел и човек имај бели деца, а не црни со твојот мајмунски маж", било напишано во мејлот.

31-годишната Ешли Греам добила мејл кој ја згрозил, откако лицето кое го сокрило името и адресата, и напишало дека нема срце, дека е дебела, а не пример за било кој, и дека треба да се омажи за белец и да роди бели деца. 

"Не си ничиј пример. Не си плус-сајз манекенка туку си дебела и дефинитивно не си атрактивна како што мислиш. Големите гради не прават жена, туку големото срце, а твоето е мало како зрно грашак", и напишал непознатиот човек.

Во продолжение, тој ја критикувал Ешли што се омажила за Афроамериканец, режисерот Џастин Ервин.

"Најди момче и омажи се за добар бел човек и имај бели деца, а не црни со твојот мајмунски маж", наведено било во мејлот.

Ешли мејлот го "снепнала" и објавила на Инстаграм, без никаков коментар, очигледно сметајќи дека е беспотребен.

Потсетуваме, Ешли и Џастин се во брак од 2010-та година, а таа минатата година открила дека имала проблеми кога го претставила пред своето семејство во Небраска.

"Мојата мајка немала видено Афроамериканец до свои 18 години, ништо не знаеше за нивната култура. Кога го виде баба ми, студено го поздрави, се заврте и си замина. Бев шокирана бидејќи отсекогаш ја сакав баба ми и ја сметав за прекрасна личност, не знаев дека е расист", рекла Греам во една прилика.

Ешли стекнала светска слава благодарение на своите облини, а додека едни тврдат дека е совршена каква што е , други зборуваат дека би можела да изгуби некој килограм.

Сепак, Ешли е задоволна со својот изглед, а теретаната не ја избегнува.

"Никогаш не дозволив телото на било кој начин да ми пречи во напорните тренинзи. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме спречи да продолжам да се движам и да имам контрола над своето здравје", напишала под едно од објавените видеа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг