„Мој Воздух“ со комплетно нова верзија!

Точка

21/06/2019

18:26

508

Големина на фонт

а а а

Од денес, после скоро 5 години постоење, МојВоздух добива комплетно редизајнирана верзија. Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нашата нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух!

МојВоздух започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија. Годинава, МојВоздух ќе се прошири низ балканот (започнувајќи со Косово), и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.

МојВоздух и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина.

Развивачот на апликацијата истакнува дека се надева дека со ова им испраќаме порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не димеше сите чист воздух.

Новата верзија може да ја преземете на следните линкови:

Android - https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality

iOS - https://apps.apple.com/app/id1190987663



Спонзорирани линкови

Маркетинг