Моќна порака на иранскиот генерал до Трамп: Можевме да ви го собориме и авионот, но се воздржавме! Нека ви биде тоа предуредување

Точка

21/06/2019

18:11

7.627

Големина на фонт

а а а

Командантот на военото воздухопловство на иранската Исламска револуционерна гарда, бригадниот генерал Амир Али Хаџизаде, изјавил дека неговите сили, кои го собориле американскиот дрон над својата територијата, забележале и американски воен авион P-8, во кој имало 35 лица, но се воздржале.

"Со американскиот дрон во регионот имаше и американски авион P-8 со 35 луѓе. Овој авион, исто така, влезе во нашиот воздушен простор и можевме да го собориме, но не го направивме тоа", изјавил Хаџизаде и додал дека деловите од американскиот дрон, чии фотографии Иран ги објавил, се доказ дека американскиот дрон бил над територијата на Иран кога Гардата го соборила. 

"Постои неспорен доказ за присуството на дронот во иранскиот воздушен простор", потврдил Абас Аракчи, заменик шеф на дипломатијата во телефонскиот разговор со амбасадорот на Швајцарија во Иран, Маркус Лајтнер.

Како што е соопштено, Иран го повикал на разговор швајцарскиот амбасадор, кој, исто така, ги застапува американските интереси во Иран, за да протестира поради упадот на американското беспилотно летало во иранскиот воздушен простор. Швајцарија ги застапува американските интереси во Иран бидејќи Техеран и Вашингтон немаат дипломатски односи од 1979-та година.

Претходно иранската и американската војска објавиле снимки од рушењето на дронот "RQ-4 Global Hawk" кој паднал во Оманското море. Американските службеници тврдат дека дронот паднал во меѓународните води и дека не летал во иранскиот воздушен простор, додека Иранците го тврдат спротивното.

Вчера американскиот претседател Доналд Трмап наредил напад на Иран, но набрзо се премислил и го откажал во последен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг