Доаѓа "Shelby Mustang GT500" со најмоќен сериски V8

Точка

21/06/2019

17:49

2.605

Големина на фонт

а а а

Форд подготвува нов "Shelby Mustang GT500" кој на американскиот пазар ќе се појави во 2020-та година.

GT500 ќе дојде со подобрена шасија и аеродинамика, но и со нов мотор. 

Ќе го придвижува рачно правен алуминиумски 5,2-литарски V8 со суперполнач и ковани клипови.

Овој агрегат ќе развива 750 коњски сили и 847 Nm, по што ќе биде најмоќен сериски V8 мотор со суперполнач.

Силата на задните тркала ќе ја пренесува седмостепен автоматски менувач преку карбонска осовина, а промената на брзините ќе се врши за помалку од 100 милисекунди.

Форд уште не ги објавил официјалните спецификации, но се очекува дека GT500 ќе забрзува од 0 до 100 km/h за околу 3 секунди, додека четвртина милја (402 m) ќе минува за помалку од 11 секунди.

GT500 ќе има лесни пружини, активни амортизери, "Brembo" сопирачки и "Michelin Pilot Sport 4S" гуми.

Ќе биде опремен со лајн-лок систем кој ќе ги активира предните сопирачки на автомобилот во состојба на мирување.

Форд подготвил и пакети за подобрување на управувањето, спојлер, 20-инчни карбонски бандажи, прилагодлив GT4 спојлер, функционален сплитер...

Кога станува збор за внатрешноста, во центарот на вниманието ќе биде осуминчниот мултимедијален екран чувствителен на допир, "Recaro" спортски седишта, и "Bang & Olusfen" звучен систем со 12 звучници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг