Нема затвор поради користење дрога: Го ослободил „случајот на министерот“

Точка

21/06/2019

18:10

1.264

Големина на фонт

а а а

Корисник на дрога, во овој случај кокаин, добил условна казна од британски судија кој смета дека тој не треба да биде казнет за користење на овој лек повеќе од Мајкл Гов, министерот за животна средина и еден од кандидатите за премиер.

Гидријус Арбачускас е приведен поради поседување два грама кокаин и му се заканувала казна од седум години затвор.

Меѓутоа, судијата Овен Дејвис, бил благ кон обвинетиот поради недамнешното признавање на потенцијалниот наследник на Тереза Меј, дека рекреативно користел дрога пред да стане политичар.

Гов открил дека земал дрога повеќепати на друштвени настани, многу години пред да почне да се занимава со политика, пренесува „The Sun“.


Судијата го ослободил Гидријус со само една година условна казна и нагласил дека никакви дополнителни мерки нема да се преземат доколку „се држи подалеку од неволјите“.

„Утрово судијата на мојот клиент му даде 12 месеци условна казна за поседување дрога, додавајќи дека тој не треба да настрада за користење на дрога повеќе од Гов. Кој вели дека правото и хуморот не одат заедно?“, напишал адвокатот на Гидријус на својот Твитер профил.

Ова не било првпат судијата Дејвис да изнесе контроверзни детали во судница.

Минатата година на поротата ѝ рекол дека мораат сами да донесат спакувани оброци, бидејќи кантината била затворена поради мерките за штедење на владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг