Сити ја доби битката со Баерн за новиот Бускетс

Дерби

21/06/2019

18:41

1.206

Големина на фонт

а а а

Англискиот шампион, Манчестер Сити по се изгледа ја доби битката со Баерн Минхен за потписот на талентираниот шпански репрезентативец, Родригез Ернандез Касканте или попознат само како Родри.

Членот на Атлетико Мадрид кого го споредуваат со Серхио Бускетс, има откупна клаузула во договорот вредна 63 милиони фунти, сума која не е проблем ниту за „граѓаните“, ниту за „баварците“, но според информациите на повеќе медиуми Шпанецот се одлучил за првата опција и соработка со Пеп Гаврдиола.

Ако ова се официјализира, тогаш Родри ќе стане најскапиот играч во историјата на клубот од „Итихад“, поточно ќе го надмине досегашниот рекорд на Ријад Марез кој минатото лето се пресели од Лестер во сегашната средина за 60 милиони фунти.

Ангажманот на Родриго значи дека Сити ќе добие соодветна замена за ветеранот Фернадињо кој дефинитивно не може сам да ја покрие таа позиција низ целата сезона. Ернандез на 23 овој месец ќе наполни 23 години што значи Сити ќе добие играч кој долги години може да биде главен на средината на теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг