"Оваа плажа е вистински сокриен дијамант"

Точка

21/06/2019

17:08

1.825

Големина на фонт

а а а

Британски "Standard" направил листа од 30 најубави плажи во Европа, а меѓу нив се нашле и неколку од регионот.

На листата се нашле дури две плажи од Хрватска и една од Црна Гора. 

Сместена под стрмните карпи и густите борови шуми, плажата Нугал во Хрватска е вистински сокриен дијамант, пренесува "Standard", и наведува дека во близина нема паркинг па до неа ќе морате пешки. 


На оваа плажа, која е сместена на малку повеќе од два километри од Макарска кон Тучепи, можете и не морате да понесете костим за капење. 

Имено, некои делови од таа плажа од минатата година им се достапни и на нудистите. 

Уште една плажа се нашла на оваа листа, а станува збор за Стинива, која се наоѓа јужно од локалниот пат кој ги поврзува Подшпилје и Плиско Поле. 


Заливот е долг околу 600 метри и широк на влезот околу 100 метри, а од двете страни е окружен со високи недостапни камени карпи. 

Покрај Нугал и Стинива, на листата на "Standard" се нашле и две плажи од регионот, Свети Стефан во Црна Гора и словенечката плажа Месечев залив на Струнјанскиот полуостров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг