Реал со неверојатна понуда им го „краде“ Феликс на своите градски ривали?

Точка

21/06/2019

17:03

1.685

Големина на фонт

а а а

Мадридскиот весник „Марка“ пренесува дека управата на Реал Мадрид е одлучна да го доведе младиот талентиран Португалец, Жоао Феликс.

Феликс е на мета на најголемите европски клубови, а во трката за неговиот потпис се вклучува и Реал Мадрид. Наводно „Кралевите“ се подготвени да исплатат дури 130 милиони евра за фудбалерот на Бенфика.

Оваа бројка ја надминува и откупната клаузула на Феликс која изнесува 120 милиони евра и ја надминува понудата на Атлетико Мадрид од каде што неодамна се појавија гласини дека се подготвени да ја активираат клаузулата и да го ангажираат Феликс.

Минатата сезона Феликс постигна 15 погодоци и додаде 9 асистенции во португалското првенство, а исто така доби и повик во португалската репрезентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг