Забава под бурки: Вистината за првото халал диско во светот

Точка

21/06/2019

14:22

2.797

Големина на фонт

а а а

Истокот на картата на светот познат е по конзерватизмот и големиот број на неслобода и нерамноправност, особено кога станува збор за жените.

Меѓутоа принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, со своите активности допринел за да се развие овој дел од светот и да се ослободат и прифатат други норми и правила за однесување, па затоа важи за еден од најголемите реформатори на оваа контроверзна држава.

Принцот Бин Салман го “отворил“ саудиското општество, така што на жените им било дозволено да возат автомобили, да посетуваат спортски настани, но и самите тие да се занимаваат со спортски активности.


Исто така одржан е и првиот концерт на јавно место, а одржана е и првата проекција за кино по 35 години чекање.

Но, тука не е крајот на промените во оваа држава. Како најголемо изненадување следело отворањето на првиот диско клуб.

Лиценцата ја добила фрашинзата „White“, позната по луксузните клубови во Дубаи и Бејрут, а ексклузивниот објект сместен е во туристичкиот град Џеда, втор по големина во државата.

Секако, забавата во дискотеката е уредена по тамошните обичаи па светот го обиколила веста за првото халал диско во светот. Влезот е дозволен и за жените, а правилата за облекување не се строги. Предвидениот “dress code“ опишан е како “smart casual“. Изборот на музиката е исто така послободен и прилагоден за сечиј вкус.

На социјалните мрежи веќе почнале да кружат бројни шеги, но и расправии како тоа граѓаните таму ќе се забавуваат со жените во бурки.


Шегите не им се допаднале на локалните власти, па затоа одлуката за халал диското е повлечена и почната е истрага за настанот кој е оценет како “кршење на правните постапки“, и за тоа дека клубот не бил лиценциран.

Од „White“ објаснуваат дека сè било направено како што треба и сметаат дека главната причина за повлекување на одлуката е токму приказната за халал диското која што предизвика притисок во конзервативните кругови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг