Зошто Меган смее да носи црвен кармин и да ги прекршува кралските правила, а Кејт не

Кармин

21/06/2019

14:00

5.584

Големина на фонт

а а а

Иако двете се војвотки, нивните улоги во кралското семејство значајно се разликуваат.

Кога Меган пред неколку месеци се појави со суптилен црвен кармин, многу обожаватели и следачи на кралското семејство се изненадиле, бидејќи кралските правила налагаат суптилност и минимализам кога е во прашање шминката, накитот и во повеќето случаеви облеката, во што црвениот кармин баш и не се вклопува.


Меѓутоа, како што пренесува „Pop Sugar“, поради големите разлики во улогите помеѓу Кејт и Меган, некои правила не се однесуваат на двете.

Имено, ако принцот Вилијам стане крал, а Кејт кралица, нејзината улога во Велика Британија ќе биде исклучително значајна, а поголема одговорност ќе ѝ донесат и строгите правила кога е изгледот во прашање.


Од друга страна, многу се мали шансите принцот Хари да стане крал, а Меган кралица, поради сите оние кои имаат право на титулата пред него и затоа улогата на Меган во кралското семејство автоматски е помала од онаа на Кејт. Поради тоа, неа ѝ е дозволено да прекршува некои модни и бјути правила кои ги налага кралското семејство.


Токму затоа многу е веројатно дека Меган ќе ја гледаме во пократки фустани од оние на Кејт, и со похрабар мејкап, бидејќи нејзините граници сепак се пошироки од оние кои мора да ги почитува војвотката од Кембриџ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk