10 години по смртта на Mајкл Џексон детективите ги откриваат деталите: Влегле во неговата соба и нашле нешто ужасно

Точка

21/06/2019

21:48

14.078

Големина на фонт

а а а

Деталите се изнесени во новиот документарен филм за Мајкл Џексон во кој тројцата детективи го откриваат текот на истрагата која следела по потврдата дека пејачот починал во својот дом на 25-ти јуни 2009-та година (речиси точно пред 10 години).

Веста за неговата смрт покрена многу полемики, а за неа во 2011-та година беше осуден на две години затвор неговиот личен доктор Конрад Мареј поради недозволени комбинации и доза на лекови кои му ги давал на Мајкл Џексон.

Мареј ја одлежал казната, а сега детективите Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит, откриваат што пронашле во собата во која Мајкл Џексон беше пронајден мртов.  


„Имаше забелешки, парчиња хартија залепени насекаде по собата, огледала и врата со кратки натписи и изрази“ - изјавиле тие и додале дека спалната соба била цела во неред, а дека некои од тие натписи биле како зборови од песните.

„Кога влеговме во собата во која што Конрад го лечеше Мајкл, на креветот најдовме компјутер, на креветот имаше и шарена кукла и фотографија со бебе која личи на оние од рекламите“ - изјавиле тие.


Детективите изјавиле дека собата не личела на оние соби во кои некој би можел да се лечи, но дека таму ја пронашле чантата на доктор Мареј во која бил лекот за кој се смета дека го усмртил Мајкл Џексон.

Нашле и “еден тон“ отпад, игли, празни шишиња, и сè она што не требало да биде таму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг