Испливала причината зошто Бред Пит се развел од Џенифер Анистон: Конечно знаеме дека не е поради Анџелина

Точка

21/06/2019

13:41

5.731

Големина на фонт

а а а

Бред Пит и Џенифер Анистон и понатаму како пар се честа тема во медиумите, иако се разведоа пред 14 години.

Британските медиуми овие денови пишуваат за интервјуто на Бред Пит од 2011 година во кое тој зборувал за бракот со Анистон со зборовите дека “тоа било преправање дека е нешто што не е”. 


“Ми стана јасно дека пробувам да најдам филм за интересен живот, а јас немав интересен живот. Мислам дека мојот брак имаше врска со тоа бидејќи се преправав дека тој однос е нешто што не е”, изјавил Пит, додавајќи дека неговиот брак со актерката станал лажен и дека актерот сакал повеќе од она што можел да понуди.

Во периодот на интервјуто, Бред веќе беше со Анџелина Џоли и имаше деца.


“Најмудрата работа која можев да ја направам во животот е што ја одбрав Анџелина за мајка на своите деца бидејќи е одлична мајка”, рекол актерот во истото интервју и предизвикал лавина од реакции од страна на обожавателите на Џенифер, но тој подоцна морал да реагира и додал дека “Џенифер е прекрасна личност која засекогаш ќе му биде пријателка”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг