Арсенал размислува да донесе офанзивец на Реал Мадрид

Дерби

21/06/2019

13:40

1.137

Големина на фонт

а а а

„Дон Балон“ пренесува дека Унаи Емери сериозно ја разгледува опцијата своите редови да ги засили со еден од офанзивците на Реал Мадрид кои ќе станат прекубројни со доаѓањето на Еден Азар во клубот.

Арсенал наводно се распрашувал за услугите на 27 годишниот крилен фудбалер, Лукас Васкез кој речиси сигурно нема да добива многу прилики од Зинедин Зидан следната сезона.

„Топчиите“ се во потрага на крилен фудбалер, а се чини дека и по втор пат ќе ја загубат битката за ангажман на Јаник Фереира Караско кој сакаа да го донесат и минатата зима, но и ова лето, а трансферот се уште не е реализиран.

Инаку за Лукас Васкез постои сериозен интерес и од Серија А од каде Интер и Рома и тоа како му имаат фрлено око на одличниот фудбалер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг