Песков побара воздржаност од САД и Иран

Макфакс

21/06/2019

13:39

346

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, побара од сите страни да покажат воздржаност и додаде дека московскиот официјален претставник е загрижен поради зголемените тензии меѓу САД и Иран.

Претходно денеска Русија ги обвини САД за намерно предизвикување на опасни тензии со Иран и доведување на ситуацијата на работ на војна.

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, го повика Вашингтон да ги разгледа можните последици од евентуален конфликт со Иран, објави „Ројтерс“.

Коментирајќи ја статијата во весникот „Њујорк тајмс” дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобри нападот врз Иран, пред да ја повлече наредбата, Рјабков вели дека ова покажува дека ситуацијата е „исклучително опасна”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг