Директорите Цветковски и Мемети заработија кривични од Финансиска полиција

Макфакс

21/06/2019

13:35

2.432

Големина на фонт

а а а

Актуелниот директор на МРТВ, Марјан Цветковски доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција, кој во текот на 2015 година ја злоупотребил службената должност и овластување.

Цветковски земал кредит од банка во износ од околу 140 милиони денари, а притоа склучил договор за залог на имотот на претпријатието во вредност од над 294 милиони денари без да добие согласност од Собранието. Имотот, како што соопштија на денешната прес конференција на финасиската полиција, бил околу 154 милиони денари поголем од вредноста на кредитот.

Кривична пријава има и за вршител на должност, претседател на Управен одбор на „Тето“ АД Скопје, кој во 2018 година го пречекорил своето службено овластување, бидејќи без дозвола поднел барање за стечај за реорганизација на компанијата и со тоа се нанела штета на Топлификација АД Скопје од над 721 милион денари.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, заработил кривична пријава бидејќи од 2010 до 2017 не преземал мерки за наплата на побарувањата по основ на извршени услуги и фактури. Со тоа, директорот овозможил да застарат долговите во износ од речиси 41 милиони денари.

Управата за финансиска полиција до надлежните јавни обвинителства, како што информираше нејзиниот директор Арафат Муареми, во периодот од 01.01.2019 до 20 јуни 2019, поднела 28 кривични пријави против 51 физичко лице и 28 правни субјекти, за сторени 48 кривични дела кои го оштетиле буџетот од над 8 милијарди денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг