Нова провокација: Иран објави фотографии од срушениот американски дрон

Точка

21/06/2019

13:01

3.157

Големина на фонт

а а а

Иранската државна новинска агенција ги објави првите фотографии за кои тврди дека се делови од срушениот американски дрон.

Амирали Хаџизадех кој се наоѓа на чело на воздухопловната дивизија при иранската Револуционерна гарда, изјави дека извлечените делови на американскиот дрон се доказ дека леталото било во иранскиот воздушен простор кога против-воздушната одбрана на Револуционерната гарда го собори.

Хаџизадех додаде дека подоцна во текот на денешниот ден ќе открие нешто повеќе околу остатоците на срушениот дрон, а слична изјава даде и Абас Аракчи, заменик шеф на иранската дипломатија.

„Постои доказ за присуството на дронот во иранскиот воздушен простор“, изјави Аракчи во разговор со амбасадорот на Швајцарија во Иран, Маркус Лејтнер.

Американските власти пак тврдат дека дронот бил срушен во Оманското море и дека “RQ-4 Global Hawk” летал над Хормушкиот теснец, односно во меѓународен воздушен простор. Поради рушењето на дронот, синоќа американскиот претседател наредил воен напад на Иран, но се премислил во последен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг