Од европската ракометна куќа, ЕХФ, денеска ги објавија сите 35 учесници во новата сезона од Лигата на шампионите.
Тронот ќе го брани нашиот Вардар кој повторно ќе биде сместен во првите две групи, додека честа на македонскиот ракомет за прв пат ќе ја брани и Еурофарм Работник кој доби вајлд карта пред Металург кој оваа сезона „извиси“ за настап во најелитното ракометно натпреварување.
ЕХФ одобри девет вајлд-карти од клубови кои требаше да се натпреваруваат во ЕХФ Купот, па така следната сезона освен Еурофарм во Лигата на шампионите ќе ги видиме и Монпелје, Кил, Пик Сегед, Бидасоа, Кристијанштад, Спортинг, ГОГ и Висла Плок.
Ждрепката за групите ќе биде извршена на 27 јуни во Виена, а тимовите ќе бидат поделени во четири групи (А, Б, Ц, Д).
Групи А и Б
Мешков Брест
ППД Загреб
Алборг
Фленсбург
Барселона
Веспрем
Вардар
Елверум
Кјелце
Порто
Целје
Мотор Запорожје
Кил
Монпелје
Пик Сегед
Групи Ц и Д
Кокс
Динамо Букурешт
Чеховски Медведи
Савехов
Кадетен Шафхаузен
Татран Прешов
ГОГ
Бидасоа Ирун
Еурофарм Работник
Висла Плок
Спортинг Лисабон
Кристијанштад