Бар Рафаели: „Упс, повторно го направив тоа“

Точка

21/06/2019

13:00

3.640

Големина на фонт

а а а

Популарната израелска манекенка Бар Рафаели, наскоро ќе стане мајка по третпат. Оваа среќна вест манекенката ја споделила со своите фанови на Инстаграм, а видеото за само неколку часа имало речиси 500.000 прегледи и коментари со честитки за идната мајка.

Рафаели и нејзиниот долгогодишен сопруг, бизнисменот Ади Езра, веќе имаат две ќерки, двегодишната Лив и едногодишната ќерка Ел, а полот на третото дете не е познат.

Нивната прва ќерка е родена во Тел Авив, а по една година Бар ја родила и втората ќерка.

Оваа русокоса убавица пред бракот со Езра била во љубовна врска со Леонардо Ди Каприо.

Во едно интервју изјавила дека семејството ѝ е сè на светот и дека планира да има големо семејство.

Во видеото кое го снимил Аси Азар, водителот на овогодишната Евровизија, манекенката не ја крие среќата дека по третпат ќе стане мајка.

Под видео снимката напишала: „Упс, повторно го направив тоа“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг