Чех се врати во старото јато со нова функција и порача: Ќе му помогнам на Челси…

Дерби

21/06/2019

12:47

1.191

Големина на фонт

а а а

Легендарниот голман Петр Чех и официјално беше претставен како нов советник за технички работи во клубот.

Неговата задача ќе биде да дава совети за сите прашања поврзани со фудбалот и настапите на клубот, а ќе биде задолжен да „направи мост“ меѓу првиот тим и младинските категории обезбедувајќи заедничка работа на неколку различни департмани во клубот.

Чех ќе има своја канцеларија во Кобхем и ќе работи заедно со директорката на Челси, Марина Грановскаја. Неговата улога ќе му дозволи да биде присутен и на сите натпревари на првиот тим заедно со тренерскиот состав на клубот, а ќе може и да патува како член на експедицијата на Челси.

– Се чувствувам многу привилегирано што добив шанса повторно да се приклучам на Челси и да помогнам да се креира најдоброто можно ниво за настап за да се продолжи успехот кој клубот го имаше во претходните 15 години. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик и се надевам дека ќе го искористам целото мое знаење и искуство за да му помогнам на тимот да има големи успеси во иднина, - истакна Петр Чех.



Спонзорирани линкови

Маркетинг