Зајон Вилијамсон прв пик на драфтот, неколку Балканци меѓу избраните кошаркари…

Дерби

21/06/2019

12:44

1.446

Големина на фонт

а а а

Тоа и што се очекуваше синоќа доби официјална потврда, Зајон Вилијамсон е избран за прв пик на годинешниот драфт и кариерата ќе ја продолжи во Њу Орлеанс Пеликанс.

Зајон блескаше минатата сезона во дресот на Дјук и беше јасно дека ќе биде прв пик на драфтот. Во дебитантската сезона во НЦАА лигата имаше просек од 22.6 поени и 8.9 скокови по натпревар.

Вториот пик, Џамел Морант го собра Мемфис, додека третиот пик го имаше Њујорк Никс кој се одлучи за ЕрЏеј Барет.

Од играчите од регионот прв е избран хрватскиот кошаркар Лука Шаманиќ кој кариерата како 19 пик ќе ја продолжи во Сан Антонио Спарс. Играчот на Партизан, Вања Маринковиќ како 60. пик е избран за Сакраменто Кингс, а досегашниот член на Мега Бемакс, грузискиот кошаркар Гого Битадзе ќе продолжи во Индијана Пејсерс како 18. пик на драфтот.

39. пик на драфтот е младиот српски кошаркар кој кариерата ја гради во САД, Ален Смаилагиќ. И оваа година како и претходните, нема ниту еден македонски кошаркар избран на драфтот. Најталентираниот наш кошаркар, Нено Димитријевиќ се пријави за истиот, но на неколку дена пред почетокот ја повлече својата кандидатура.

Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс Пеликанс)

Џа Морант (Мемфис)

ЕрЏеј Барет (Њујорк Никс)

Деандре Хантер (Атланта Хокс)

Дариус Гарланд (Кливленд Кавалерс)

Џарет Калвер (Минесота Тимберволвс)

Џексон Хејс (Њу Орлеанс Пеликанс)

Руи Хачимура (Вашингтон)

Кем Редиш (Атланта Хокс)



Спонзорирани линкови

Маркетинг