Научниците потврдија: Јогуртот го намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево

Точка

21/06/2019

12:37

2.072

Големина на фонт

а а а

Вметнете ја оваа намирница во својата исхрана и значително ќе го подобрите своето здравје и веројатно ќе ја спречите појавата на рак. Најновите истражувања покажуваат дека доколку пиете јогурт, барем двапати неделно може значително да ја спречите појавата на рак на дебелото црево. Еве зошто е тоа така.

Јогуртот одамна е познат како напиток кој е добар за здравјето, а новото истражување докажува дека може да помогне и во борбата со ракот.

Мажите кои пиеле јогурт двапати неделно имале 26 отсто помал ризик од развој на предканцерогени израстоци во дебелото црево. Меѓутоа, научниците не ги пронашле истите придобивки и кај жените.


„Овие податоци укажуваат на тоа дека некои од карактеристиките на јогуртот, како што е неговата потенцијална улога во менувањето на природните бактерии во нашите црева, може да имаат превентивно делување кај состојбите како што е ракот“ - изјавил Ендру Чан.

Сепак, истражувачите предупредиле дека студијата не докажува дека јогуртот самостојно го спречува ракот на дебелото црево туку само дека може да биде од помош во борбата со ракот и оваа малигна болест.

Конкретно, резултатите не укажуваат на тоа дека lactobacillus bulgaricus и streptococcus thermophilus, двата типови на бактерии кои вообичаено се наоѓаат во јогуртот, може да го намалат факторот кој предизвикува рак на дебели црева.

Истражувачите исто така истакнуваат дека јогуртот може да ја намали киселината во цревата, создавајќи “гостопримливо“ опкружување за овие корисни бактерии.

Освен тоа јогуртот може да помогне и во борбата против воспаление, а со тоа помага во борбата со ракот.

Чан и неговиот тим собрале податоци од речиси 33.000 мажи и речиси 56.000 жени.


Сите тие имале направено ендоскопија помеѓу 1986-та и 2012-та година за да проверат дали имаат израстоци на нивните црева. На секои четири години исто така тие на истражувачите им давале извештај за својата исхрана и количината јогурт која ја консумирале.

Во текот на истражувањето, повеќе од 5.800 мажи развиле полипи на дебелото црево како и повеќе од 8.100 жени. Абнормалниот раст кој се нарекува и аденом, претходи на настанување на рак.

Мажите кои консумирале јогурт двапати или повеќепати неделно, имале 26 отсто помал ризик за развивање на аденом кој најверојатно преминува во канцер.

Меѓутоа, тимот на Чан не нашол значителна врска помеѓу консумирањето јогурт и намалување на настанување аденом кај жените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг