Работела за минималец, а потоа оставила сè! - Сега заработува повеќе од 8.000 евра месечно

Точка

20/06/2019

21:11

7.632

Големина на фонт

а а а

28-годишната Сара Хагес, долго работела како продавачка на карти во кино и едвај спојувала крај со крај со минималната плата која ја земала. Но, потоа одлучила да го искористи она што го има и да го преземе животот и финансиите во свои раце.

Сара дипломирала на музичка академија во Њупорт и како школована музичарка одлучила да се “фрли“ на пишување џинглови за ТВ. Поточно, пишување и изведување џинглови. Пред шест години објавила оглас на страната за фриленсери „Fiverr“, а денес го живее животот за кој некогаш сонувала.


„Не можат многу луѓе самостојно да напишат, да реализираат и да продуцираат џинглови. Но, мојата диплома ми овозможи во овој дел да се истакнам“, објаснила Сара за „LADbible“. Денес работи три до четири часа дневно, а неделно си дозволува три слободни денови.

Еден џингл наплаќа по 200 фунти, со тоа што наплатува 100 фунти повеќе ако сама ги пишува и зборовите. Месечно во просек заработува повеќе од 8.000 евра.

Откако завршила факултет, сите ѝ велеле дека никогаш нема да најде работа, а и таа самата почнала да верува во тоа, па затоа се вработила во локалното кино. После некое време еден пријател ѝ кажал за „Fiverr“, местото каде може да ги огласува своите вештини, а таа одлучила да се обиде.


Денес има многу клиенти.

„Тоа не се само компании за играчки и детски реклами. Всушност, мојот наголем извор на приходи во првите неколку месеци беа поткастите и Јутјуб каналите“, вели Сара.

„Сите сакаат да им кажат на студентите по уметност дека нивните дипломи нема да ги однесат никаде и многу ми е драго што сега успеав да им докажам дека никој од нив не беше во право“, заклучила таа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk