Хигиеничарка дала отказ со порака: „Бидејќи сте се*ковци морав да најдам друга работа“

Точка

20/06/2019

16:44

5.608

Големина на фонт

а а а

Жената која тврди дека била злоставувана на работа, дала отказ така што на шефовите им оставила честитка со порака: „Жал ми е за вашата загуба“, и набројала сè што ѝ пречело.

Лиса Бел од Блекпул во Англија, работела како хигиеничарка во хотелот „Lyndene“ само четири месеци пред необичниот отказ. За време на тој краток период, тврди дека морала да работи во тешки услови, како што е забраната за седење за време на паузата за чај.

Наводно била ограничена и на еден пијалок за време на 10-минутната пауза во 6-часовната смена, а рекла и дека шефовите ја шпионирале.

Кога минатата недела 40-годишната жена одлучила да даде отказ, ја нашла најевтината честитка и на неа ги напишала своите обвиненија. Открила и дека нејзината колешка Каран Пул исто така дала отказ со неа.

„Како што може да забележите, не сум на работа денеска“, ја почнала својата исповед. „Тоа е бидејќи сте с*рковци и си најдов нова работа“, продолжила таа и открила дека имала во план да им најави една недела претходно, сè додека на неплатената пауза не ѝ забраниле да седне.

„Го мразам фактот дека дури и кога бев на неплатена пауза тој седеше во својата канцеларија и ме шпионираше. Ако двајцата работевте континуирано, шест работни часа на нозе и вие би сакале да седнете барем 10 минути“, им порачала таа.

„Поздрав, Лиса Бел.“

„П.С. Карен исто така даде отказ, неа ја третиравте уште полошо... Одиме да работиме заедно.“

Лиса фотографијата од честитката ја споделила на Фејсбук, каде шефовите ги опишала како злоставувачи.

„Изгубија две добри хигиеничарки - лојални и вредни. За среќа, мојот нов шеф има смисла за хумор“, рекла за „Manchester Evening News“.

Таа тврди дека морала да оди во тоалетот за да пие вода, бидејќи персоналот не смеел да пие вода на работа и дека во просторот за пушење немало столици. Вели и дека персоналот постојано бил под камера и дека шефовите ги гледале.

Хотелот издал соопштение на социјалните мрежи. „Разочарани сме што ги прочитавме коментарите на Лиса во врска со нејзиниот ангажман кај нас и жал нѝ е што не можела да му се обрати на менаџментот на „Lyndene“ за да ги реши своите проблеми“, рекле тие, но подоцна ја избришале објавата.

„Ѝ посакуваме успех на Лиса во нејзината понатамошна работа и за оваа тема повеќе нема јавно да коментираме“, напишале тие.




Спонзорирани линкови

Маркетинг