Блогерка секој ден го миела лицето на овој начин: Повеќе нема потреба од пудра и разни коректори

Кармин

20/06/2019

16:06

2.555

Големина на фонт

а а а

Доколку вашата кожа не е баш најздрава, не грижете се – решението е многу едноставно. Станува збор за метода за чистење на лицето којa би требало да трае точно 60 секунди.

Имено, оваа метода ја претставила една блогерка. Таа тврди дека лицето е неопходно да се чисти и масира точно една минута за препаратот кој го користите навистина да допре до најдлабоките делови на кожата и да ја исчисти на најдобар начин. 

Иако делува како основна работа за нега која секоја девојка треба одамна да ја знае, таа наведува дека тајната на успехот на оваа метода се токму тие неколку секунди повеќе кои му се посветуваат на чистењето на кожата. По уживањето кое ѝ го приредуваме на кожата, таа слободно може да дише, станува поблескава и помазна. 


Девојките ширум светот тврдат и дека темелното чистење им помогнало во намалување на акните и другите кожни проблеми. Кога се чисти кожата, на тој начин обрнувате внимание на сите делови на лицето, и оние кои веројатно би ги заборавиле при чистењето како што е брадата, делот околу носот и линијата на косата.  

Мислењето на дерматолозите за делотворноста на овој начин е поделено, но сите се сложуваат во една работа – неколку секунди или минути повеќе во негата на кожа во ниту еден случај не можат да бидат штетни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk