Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Точка

20/06/2019

14:31

315

Големина на фонт

а а а

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба.

Компанијата „Пакомак“ континуирано спроведува активности за едукација и подигнување на свеста кај граѓаните, но и на другите фактори, дека решението за здрава средина е во секој од нас. Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат.

Селекцијата и рециклирањето на отпадот од амбалажа е само еден од аспектите на нашето одговорно однесување, но од исклучително значење за опстанокот на планетата. Најзначајна алка се семејствата што секојдневно мораат да го селектираат и да го одвојуваат отпадот што го создаваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се реупотребат како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.


Една од најзначајните алки во системот, секако, се и колективните постапувачи со отпад од пакување, кои во нашата земја се финансирани од индустријата. Тие, во соработка со општините ја обезбедуваат потребната инфраструктура, контејнери во различни бои за граѓаните најлесно и најефикасно да можат да ја исполнат својата обврска за одвојување на отпадот.

Од основањето на „Пакомак“, па сѐ до денес, нашата компанија како колективен постапувач има донирано стотици контејнери за селективно собирање отпад од пакување за Скопје и за другите градови од државата. Нашата цел е да овозможиме непрекинато да функционира кругот на рециклирањето. Затоа покрај донацијата на контејнери и на канти, дел од средствата со кои располагаме ги инвестираме и во едукација на населението и во подигнување на јавната свест бидејќи тие процеси се тесно поврзани и зависни еден од друг и треба да се развиваат паралелно. Не треба тука да ја заборавиме и помошта која со години наназад ја очекуваме од државата и надлежните институции кој што треба да помогнат во решавање на големиот проблем со неформалните собирачи, бидејки тие групи на луѓе борејки се за егзистенција ги уништуваат контејнерите и скапата опрема која што ние ја поставуваме и донираме на општините. изјави Ико Брдароски од „Пакомак“.

Одговорноста за одржлива иднина лежи во секоја индивидуа, која со својот пример мора да ги поттикнува и другите околу себе да се однесуваат на ист начин. Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира. Во овој дел од особено големо значење е ефикасното функционирање на општинските комунални претпријатија, кои се задолжени редовно да ги празнат контејнерите и селектираниот отпад да го транспортираат за рециклирање. Обврска на комуналните претпријатија е и секундарната селекција на отпадот, а главната цел е што помалку отпад да завршува на депонија.


„Пакомак“ има голема општествена одговорност бидејќи учествува во секој сегмент од системот и секојдневно презема активности за тој да функционира.

Досегашните наши искуства говорат дека населението станува свесно за проблемите што може да ги предизвика несоодветното менаџирање на отпадот. Сите наши активности во делот што го работиме, отпадот од пакување, се одлично прифатени од населението. Треба време за да се променат навиките кај луѓето во однос на селектирањето на отпадот. Тоа е процес што е веќе почнат и нема назад. 

Тоа што нѐ загрижува, за да може кругот на рециклирање беспрекорно да се одвива, е улогата на јавните комунални претпријатија и нивната инертност во однос на нивната одговорност и на обврските што ги имаат од една страна и нивната техничка неподготвеност од друга страна во однос на собирањето отпад од пакување од контејнерите што ги поставуваме. Ние секојдневно добиваме десетици коментари, поплаки, сугестии од демотивирани граѓани дека одредени контејнери со денови не се испразнети за што редовно ги информираме надлежните институции. Очекуваме и се ставаме на располагање и ние да помогнеме во рамките на нашите можности во делот на организација на собирањето на отпадот од пакување бидејќи без тој дел кругот на рециклирање не може да функционира, изјави Ико Брдароски од „Пакомак“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг