Се бара правда за новинарот Кашоги: Принцот Мухамед мора да одговара!

Точка

20/06/2019

18:21

1.590

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот институт за медиуми, глобална мрежа на уредници, медиумски директори и новинари, денес ја повика меѓународната заедница да побара од Саудиска Арабија да обезбеди правда за убиениот новинар Џамал Кашоги.

Реакциите ширум светот не стивнуваат откако високата комесарка при Обединетите нации за човекови права, Агнес Каламард објави извештај во кој тврди дека постојат докази за вмешаноста на саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Салман и уште неколку саудиски функционери, во бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Егзекуцијата на Кашоги е симбол на еден глобален образец на убиства и закани на новинарите и медиумските работници кои агенциите на ОН и бројни меѓународни и национални организации за човекови права, редовно ги осудуваат, стои меѓу другото во извештајот на Каламард.


„Наодите на овој извештај даваат дополнителни докази дека саудиската влада е одговорна за убиството на Џамал Кашоги и дека државните власти не ја исполниле својата обврска да го истражат ова злосторство“, изјави извршната директорка на институтот “IPI”, Барбара Трионфи.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги, инаку колумнист на “The Washington Post” и голем критичар на саудиските власти, беше брутално убиен на 2-ри октомври 2018-та година во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Во извештајот стои дека тој пристигнал во конзулатот каде што требало да ги добие потребните документи за венчање. Меѓутоа, во амбасадата го нападнале тим на убијци по наредба на Мухамед Бин Салман, а потоа неговото тело го исекле на парчиња и го изнеле од зградата на конзулатот.

Извештајот на Каламарад користи снимки добиени од конзулатот кои ги расветлија последните моменти од животот на Кашоги, а во извештајот се заклучува дека смртта на новинарот е меѓународно злосторство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг