Во овие ситуации и најверните партнери паѓаат во искушение и изневеруваат

Точка

20/06/2019

13:50

2.019

Големина на фонт

а а а

Ова се ситуациите во кои и најсилните паѓаат во искушение. Постојат различни причини зошто луѓето ги изневеруваат своите партнери, а ова се ситуациите во кои треба да бидете внимателни затоа што се вистинско искушение кога станува збор за изневерување.

Ова се ситуациите во кои најмногу се доаѓа до искушение:

1. Другарство кое преминува во нешто друго

45 отсто од мажите и 26 отсто од жените ги привлекуваат пријателите на нивните партнери и се во постојано искушение да влезат во изневерувачки однос со нив, утврдила една анкета.


2. Искушение на службен пат

По премногу состаноци со досадни или тешки клиенти, може да ви биде “дар од небо“ време поминато со привлечна личност во авион, на аеродром или во хотелски бар. Далеку од будното око на семејството и пријателите, таквите ситуации можат да ги расположат и да ги воодушеват и најтврдокорните.

3. Се појавила стара љубов

Речиси 32 отсто од жените кои не издржале сексуално искуство изјавиле дека тоа се случило со старото момче или симпатија. На тоа не одолеале само 21 отсто од мажите.


4. Здодевно ви е во сексот

Досадата е причина која ја навеле 71 отсто од неверните мажи и 42 отсто од жените кога биле прашани зошто не одолеале на искушението. Дури и луѓето кои се многу среќни во своите односи признаваат дека сексуалната досада ја излечиле со некој друг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг