Иран го соборил ова чудо од летало и ѝ порачал на Америка: Немаме намера да војуваме со ниедна земја, но подготвени сме за војна

Точка

20/06/2019

13:33

9.368

Големина на фонт

а а а

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, денес изјавил дека соборувањето на американското беспилотно летало "пратило јасна порака до САД".

Генералот Салами рекол дека Иран нема намера да војува со ниедна земја, но дека е "подготвен за војна". 

Иранскиот службеник одржал говор кој во живо го пренесувала иранската државна телевизија откако американските и иранските службеници потврдиле дека е соборен американски дрон.

Иранската револуционерна гарда соопштила рано утрово дека соборила "американско шпионско беспилотно летало" кое го повредило воздушниот простор на Иран.

Станува збор за беспилотното летало "Global Hawk". Соборено било во јужната провинција Хормозган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг