Еден месец ја снимал реакцијата на синот кога го земал од градинка, снимката станала хит

Кармин

20/06/2019

12:30

2.502

Големина на фонт

а а а

Снимката од таткото кој еден месец ја снимал реакцијата на синот кога го земал од градинка, станала хит на Твитер.

Проџекс Сантана, пејач од Мериленд, споделил симпатична компилација од својот син кој секој пат возбудено го поздравува и весело скока пред него. 

##https://twitter.com/ProjexSantana/status/1140269398789410816##

“Среќен ден на татковците”, напишал таткото покрај снимката која го погледнале речиси половина милион луѓе.

Многумина на Твитер особено ги воодушевил крајот на снимката во “slow motion”. Кога таткото влегол во училницата, детето веднаш оставило сè и истрчало кон него, а потоа почнало да скока од радост.

“Секогаш истата радост”, “Секој пат ги фрла играчките”, “Како да не очекува дека ќе го земе секој ден”, се само некои од коментарите. Откако снимката станала вирална, таткото споделил и видео од ќерката, која се чини дека е неколку години постара од синот и веќе го дочекува помалку ентузијастично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk