Хрватската фудбалска легенда, Звонимир Бобан мина 10 одлични години носејќи го дресот на Милан од 1991 до 2001 за да сега одново се врати во „црвено-црниот“ табор, но со сосема поинаква улога и тоа во раководната структура.
Тој си замина од ФИФА и сега заедно со Паоло Малдини и Иван Газидис ќе се обидат да го вратат Милан на старите победнички патеки.
- Многу сум среќен што се вратив во Милан, - рече Бобан кој кратко истакна што очекува од новиот Милан под водство на Марко Џампаоло.
- Се надевам ќе бидеме подобри од минатиот пат, - порача Хрватот.